Тој веста ја сподели на социјалните мрежи, истакнувајќи дека сака да биде посветен татко.
„Неодамна станав татко на женско бебе, родено надвор од мојот брак. Планирам да бидам посветен татко. Ги сакам мојата ќерка и деца и правам се што можам за да ја вратам нивната доверба и да ја заслужам нивната прошка“ напиша Грол.
Тој ги исклучи коментарите на објавата.
Грол е оженет со Џордин Блум, поранешна моделка, продуцентка и режисерка од 2003 година и имаат три ќерки Вајолет Мај Грол, Харпер Вилоу Грол и Офелија Сејнт Грол. Тапанарот претходно беше оженет со Џенифер Јангблад од 1994 до 1997 година.
Иако Грол и Блум се заедно повеќе од 20 години, тој ретко коментира за нивната врска, иако често се појавуваат заедно во јавност.