Бугарската претставничка на Евровизија 2026, Дара, очигледно решила „Bangaranga“ да не остане само на сцената. Во објава што кружи на социјалните мрежи, таа се појавува во прес-центарот и со насмевка му приоѓа на снимател, прашувајќи го дали му треба малку „Bangaranga“ во животот. Токму овој краток и спонтан момент ѝ го донесе и прекарот „Bangaranga queen“ меѓу евровизиските фанови.
Дара годинава ја претставува Бугарија на Евровизија со песната „Bangaranga“, а нејзиниот настап веќе привлече внимание поради силната енергија, впечатливиот наслов и самоуверениот сценски пристап. Официјалниот профил на Евровизија ја претставува како една од големите поп-ѕвезди на современата бугарска сцена, а „Bangaranga“ е нејзината песна за Виена 2026.
Иако „Bangaranga“ не е класичен збор со едно строго буквално значење, самата Дара го објаснува како израз што асоцира на храброст, слобода, автентичност и самодоверба. Токму затоа и нејзиниот мал настап во прес-центарот делуваше како продолжение на истата таа енергија што ја носи и песната.
Ваквите мали бекстејџ моменти се дел од евровизискиот шарм, а Дара очигледно решила „Bangaranga“ да не остане само на сцената