Дали е обезглавен Хезболах?

Израелските одбранбени сили соопштија дека лидерот на Хезболах, Хасан Насрала е убиен. Тие објавија дека Насрла повеќе нема да може да го тероризира светот.
Фото: Khamenei.ir, CC BY 4.0, via Wikimedia Commons

Веста дојде откако израелската војска во петокот соопшти дека извршила напад врз штабот на Хезболах во Бејрут, главниот град на Либан.

Цел на нападот била Насрала, кој ја предводеше либанската милитантна група повеќе од три децении, според повеќе извештаи, цитирајќи ги и израелските и американските официјални лица.

Хезболах сè уште нема издадено сопствено соопштение.

Веста за убиството на Насрала означува значаен развој во конфликтот меѓу Израел и Хезболах и веројатно ќе предизвика дополнителни стравувања за поширока војна на Блискиот Исток.

Во петочните воздушни напади беа уништени неколку станбени згради во областа Харет Хреик. Либанското Министерство за јавно здравје соопшти на X дека шест лица загинале, а 91 лице се повредени.

По нападите, премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху ја прекина посетата на Соединетите Американски Држави за да се врати дома. Неколку часа претходно, тој се обрати пред Обединетите нации, ветувајќи дека засилената кампања на Израел против Хезболах во изминатите две недели ќе продолжи, што дополнително ги намалува надежите за меѓународно поддржан прекин на огнот.

Портпаролот на израелската армија, Даниел Хагари, рече дека нападите биле насочени кон главниот штаб на Хезболах, велејќи дека се наоѓал под земја под станбени згради.

Според либанската национална новинска агенција, со серијата напади  биле срушени шест станбени кули во Харет Хреик, густо населен, претежно шиитски кварт во предградието на Бејрут Дахије.

Хасан Насрала е една од поважните фигури на Блискиот исток.Тој го направи Хезболах во организирана борбена, дисциплинирана сила каква што е денес.

Тој дојде на власт, на чело на групата, пред 32 години кога поранешниот генерален секретар беше убиен од Израел, што е показател дека убиството на лидерот не мора да значи дека групата ќе престане да постои.

Насрла не се појавува во јавноста поради опасноста да биде убиен.

Со текот на годините Хезболах во Либан изгуби дел од поддршката од народот, особено кога тие почнаа да се борат во Сирија. Многу Либанци сметаат дека Хезболах го претставува Иран, а не Либан.

Исто така, имаше многу гнев меѓу делови од либанското општество кога Хезболах даде поддршка Палестинците од Газа на 8 октомври. Многу Либанци ја поддржуваат палестинската кауза, но сметаат дека Либан има свои проблеми кои треба да ги решава.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни