Да или не за кокосовата вода, кое е вашето искуство

Кокосова вода е пијалок на мајката природа кој помага при дехидрација, чистење на телото, губење на тежината, мамурлак и тешка исцрпеност на телото. Бидејќи има многу малку калории и многу електролити, голем врој на нутриционисти препорачуваат секојдневно консумирање на кокосова вода, но без претерување бидејќи големи количини може да имаат лаксативно дејство.

Покрај тоа што обезбедува освежителен вкус, кокосовата вода е богата со клучни хранливи материи кои можат да го подобрат здравјето на различни начини.

Придобивки од кокосовата вода

Тоа е одличен нискокалоричен пијалок кој делува како прочистувач бидејќи го чисти дигестивниот систем и го поттикнува излачувањето на токсините од телото. Содржи природни масти, го спречува зголемувањето на нивото на лошиот холестерол и има дури четири пати повеќе калиум од бананата, која е на врвот на листата на овошје богато со калиум.

Студијата спроведена во 2006 година покажа дека кокосовата вода ја намалува можноста за срцев удар. Нејзината консумација се препорачува и на високи температури бидејќи им олеснува на клетките да ја надополнат потребната вода. Дополнително, според американското Министерство за земјоделство, кокосовата вода е одличен извор на есенцијални хранливи материи и антиоксиданси кои ви помагаат да одржувате севкупна здрава исхрана.

Кокосовата вода е исклучително хидратантна поради високата содржина на електролити како што се калиум, натриум и магнезиум. Овие електролити помагаат да се одржи рамнотежата на течностите во телото, што е особено важно за време на физичка активност или во услови на висока топлина кога телото губи течност преку потта.

Редовното консумирање на кокосова вода може да помогне во одржувањето на здрав крвен притисок и да го намали ризикот од хипертензија, што секако е една од големите придобивки од нејзиното користење.

А она што можеме да ви го потврдиме е дека кокосовата вода има одлично влијание на кожата. Како додаток, има ефект против стареење, ја ревитализира кожата и го промовира губењето на вишокот килограми.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни