Центарот за управување со кризи информира дека денеска до 13:00 часот, регистрирани се вкупно три пожари на отворен простор.
Од регистрираните пожари, активни се два пожари, додека под контрола е еден пожар
Активни се пожарите во Општина Новаци покрај локалниот пат од с. Новаци кон место викано Ергела, кај ФЕЦ Новаци каде гори ниска вегетација, како и пожарот во Општина Гостивар покрај автопатот Тетово–Гостивар, во близина на с. Врбјаниште каде исто така гори ниска вегетација.
Под контрола е пожарот во Општина Василево односно село Доброшинци каде гори депонија.