Цените на горивата во САД највисоки од почетокот на војната со Иран

Обединети Арапски Емирати соопштија дека излегуваат од ОПЕК и ОПЕК+, што претставува сериозен удар за нафтениот картел и неговиот водечки член, Саудиска Арабија.

Просечните цени на горивата во САД достигнаа највисоко ниво од почетокот на војната со Иран, поради стравувања од долготрајна енергетска криза и застој во преговорите меѓу Вашингтон и Техеран за повторно отворање на Ормуски теснец.

Цената на бензинот достигна просек од 4,18 долари по галон – највисоко ниво од почетокот на војната меѓу Русија и Украина во 2022 година.

Трамп: Иран е во колапс

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран се соочува со сериозни економски проблеми поради американската поморска блокада и дека сака што побрзо да се отвори Ормускиот теснец.

„Иран ни порача дека е во состојба на колапс“, напиша Трамп, додавајќи дека Техеран се обидува да ја стабилизира внатрешната ситуација.

Според проценките, блокадата на иранските пристаништа ја чини земјата околу 400 милиони долари дневно. Трамп воедно го откажа вториот круг преговори во Пакистан, оценувајќи дека понудата на Иран не е доволно добра.

ОАЕ го напушта ОПЕК

Обединети Арапски Емирати соопштија дека излегуваат од ОПЕК и ОПЕК+, што претставува сериозен удар за нафтениот картел и неговиот водечки член, Саудиска Арабија. Министерот за енергетика Сухаил Мохамед ал-Мазруеи изјави дека одлуката е донесена по внимателна анализа на националната енергетска стратегија.

Инвестициската банка Голдман Сакс прогнозира дека цените на нафтата може дополнително да пораснат. Според нивните анализи, цената на нафтата тип Брент би можела да достигне 120 долари по барел. Во моментов, Брент се тргува околу 111 долари, а главните причини се нарушеното снабдување и неизвесноста на пазарите поради конфликтот на Блискиот Исток.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни