Летувањето во Грција и понатаму е меѓу најпопуларните избори за туристите од регионот, а пред патување сè почесто се поставува прашањето за цените во маркетите. Најновите податоци од Никити покажуваат дека цените на основните намирници варираат во зависност од производот и брендот.
Лебот се движи од околу 2,6 до 2,8 евра, додека пакуваниот леб чини околу 2,8 до 2,9 евра. Сувомесните производи значително варираат помали пакувања шунка и салама (околу 160 грама) може да се најдат за 1,8 до 3,2 евра, додека мортадела чини околу 3 евра. Виршлите се продаваат по цени од 3,7 до 9,3 евра, во зависност од брендот и пакувањето.
Тестенините се исто така дел од стандардната набавка, макарони чинат околу 3,2 евра, додека шпагети на попуст може да се најдат и за околу 2,1 евра. Јајцата се нешто поскапи од порано, па пакување од шест парчиња чини меѓу 4,8 и 5,6 евра.
Кај пивото, пакувања од шест лименки брендови како Mythos и Amstel чинат меѓу 6,8 и 10 евра, додека помали пакувања како Pils Hellas (четири парчиња) се околу 5,1 евра. Од слатки, популарните Caprice кои туристите често ги носат како сувенир чинат околу 5,6 евра за помало пакување и околу 7,6 евра за поголемо.
Кога станува збор за млечни производи, тврдите сирења се движат од околу 7,6 до 11,3 евра, додека традиционалната фета сирење може да достигне од 12 до 21 евра по пакување.
Важно е да се напомене дека овие цени се од еден маркет и може да се разликуваат во зависност од локацијата и ланецот. Дел од туристите сметаат дека цените се слични или дури пониски од оние во нивните земји, додека други очекуваат посилен раст во текот на сезоната.