Попладнево буквално цело Скопје е под чад од околните пожари.
Граѓани на социјалните мрежи пријавуваат чад и непријатна миризба од Ново Лисиче па се до Ѓорче Петров.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека чадот над Скопје е од пожароте во општините Зелениково и Студеничани.
,,Зачаденоста на Градот е од ветерот кој го носи чадот од актуелниот пожар во Китка, Општина Студеничани и Општина Зелениково, На тој пожар до сега дејствуваше хеликоптерот на МВР. До овој момент ЦУК нема пријава за можен пожар на Водно, освен двата пожари на сува трева и ниско деградирана шума во Општина Илинден. И од Општина Capaj – с. Бојане, каде зафатена е шума” велат од ЦУК.