Жителите на улицата „Лермонтова“ во скопската општина Центар денеска ќе останат без вода поради дефект на приклучна цевка. Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека поради дефект на приклучна цевка Ф-5/4 на улицата „Лермонтова“ број 16, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица.
Прекинот започнал во 08:30 часот, а водоснабдувањето ќе биде нормализирано по санирањето на дефектот. Од претпријатието не наведуваат точно време кога се очекува интервенцијата да заврши.