Cotton blues festival во МКЦ – Уживање за љубителите на добра музика

Од ентузијастички проект на неколку љубители на блузот во земјава, до Четврти Cotton blues festival во МКЦ со интересни домашни и странски изведувачи. Во две фестивалски вечери љубителите на џезот и на добрата музика имаа можност да уживаат во исклучителната изведба на Мухамед Ибрахими, Троја и Гуру Харе, Мад Морганфилд, Ади Имери и Треинмен Блуз.


Фестивалот годинава беше надграден со работилница на Јани Павеза, еден од најпознатите мајстори за рачна изработка на акустични и електрични гитари и со ликовна колонија на домашни уметници.


“Овие фестивали се начин да се промовира ова музика пред се кај помладите, затоа што од година на година се приметува еден затворен круг на љубители на оваа музика и целта е да се рашири и да се запознаат повеќе луѓе” вели Никола Петровски, уметнички директор на фестивалот.


Она што на музичката блуз сцена недостасува, велат организаторите се млади блуз музичари.
“Ми фали еден млад бенд. Не е проблем ние да направиме фестивал, не е проблем да викаме луѓе од страна. Проблем е што младите деца не свират блуз. За жал нема ни еден и тоа е проблем” вели Ѓорѓи Паскалов, претседател на Блуз Фамилија и организатор на фестивалот.


Средствата собрани од двете фестивалски вечери ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни