Хрватскиот бенд „CODE 369“ ќе настапи на сцената на Македонската филхармонија на 7-ми мај како дел од манифестацијата Скопски градски фестивал .
Миленици на регионалните медиуми, на концертот ќе го промовираат нивниот последен албум издаден од хрватската Croatia Records.
Нивната музичка мисла е на границата меѓу алтернативниот рок и комерцијалната рок и поп музика, задржувајќи ја свежината, слободата и авангардните идеи од првата категорија и прифатливоста на втората.