Чичко Раде од Скопје на 71 година го истрча бостонскиот маратон

Заедно со Небојша Димиќ и Емилија Димиќ од винаријата „Душа“, легендата од кејот уште еднаш покажа дека упорноста, дисциплината и срцето се трчаат до самиот финиш.

Вчера во Бостон, Небојша Димиќ, Емилија Димиќ од винаријата „Душа“ и Радомир Костовски, познат како чичко Раде од Скопје, го истрчаа маратонот и уште еднаш ја раскажаа приказната што ја градат секој ден.

„И правењето добро вино е маратон. Чекор по чекор до целта,“ велат тие, зборувајќи за упорноста, дисциплината и фокусот што ги носат и во трчањето и во животот.

Но, најсилната инспирација дојде од чичко Раде, легендата од скопскиот кеј. На 71 година, со време од 4 часа и 9 минути, тој го истрча Бостон и уште еднаш покажа што значи вистинска Душа.

Им честитаме на упорноста и се надеваме дека нивната „Душа“ ќе продолжи да инспирира и надвор од патеките.



е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни