Неодмна во медиумите се појави случај за смрт на маж поради консумирање на чиа семе, што ги збуни луѓето. Мажот пиел вода откако јадел чиа семе. Семките ја впиле водата и пораснале, по што му го блокирале хранопроводникот.
Но, освен овој несреќен случај, има доста слуачи на луѓе кои пријавиле алеркиски симптоми по јадењето чиа семки. Симптомите како осип на кожата, кашлица, отежнато дишење и повраќање може да се појават доколку сте алергични на чиа семе.
Лекарите предупредуваат доколку имате алергиска реакција да побарате итна медицинска помош.
Чиа семето исто така помага во регулацијата на нивото на шеќер во крвта. Но, доколку имате дијабетес и земате лекови за тоа, треба да се консултирате со лекар пред да додадете чиа семе во исхраната.
Редовното консумирање на чиа семе може да предизвика пад на нивото на шеќер во крвта, што може да го влоши вашето здравје.
Лицата со висок крвен притисок треба да бидат внимателни пред да почнат редовно да консумираат чиа семе. Чиа семето може да влијае на крвниот притисок и се препорачуваат на лицата со хипертенција за да ја регулираат состојбата. Меѓутоа, редовното консумирање може да предизвика и низок притисок.
Се препорачува консултација со лекар за да дознаете дали чиа семето ќе ви одговара.
Чиа семето е богато со влакна, што ги прави добар избор за лицата кои се борат со констипација и други проблеми поврзани со варењето на храната. Меѓутоа, консумирањето чиа семе во големи количини може да предизвика пореметувања во варењето поради големиот износ на влакна.
Кога во телото внесуваме повеќе влакна, тоа може да предизвика надуеност, гасови или болки во стомакот.
Извор: Н1