Search
Во организација на Greece in North Macedonia и KineNova Film Festival

Четврто издание на Фестивал на грчки филм 

Четвртото издание на Фестивалот на грчки филм во организација на Greece in North Macedonia и KineNova Film Festival ќе се одржи од 7 до 9 април во Кинотека во Скопје, а од 8 до 10 април во киното Манаки во Битола.

Како што информираа организаторите на вчерашната прес-конференција во Еurope House Skopje, оваа година посетителите ќе имаат можност да погледнат 3 долгометражни и 3 кратки филмови.

Фестивалот ќе се отвори со краткиот филм „Тишината на рибата што умира“ на Василис Кекатос, а потоа ќе следи проекцијата на трагикомедијата „Не би сакал да сум непристоен, но мораме сериозно да разговараме“ на режисерот Јоргос Георгополус. Следниот ден ќе се прикажат „Бјути“ на Танос Либерапулос и „Невидлив“ на Димитри Атанитис. Затворањето на фестивалот ќе биде со проекциите на „Поглед од балконот“ на Арис Капланидис и „Жена-убиец/Фониса“ на Ева Натена.

Директорот на МФФ Киненова и организатор на Фестивалот, Небојша Јовановиќ рече дека Грчкиот филмски фестивал, не само што ќе ја претстави и доближи грчката филмска уметност и култура до нас туку ќе даде и силен импакт во нашето општество.

 „Ние можеби нема да го промениме целиот свет, можеби нема да ги избришеме границите, но сигурно ќе создадеме нови гранични премини и нови мостови преку програмата на фестивалот, бидејќи културата ја има таа моќ, а филмот особено, преку длабоката и широка комуникација на животните теми кои директно произлегуваат од актуелното грчко општество“, изјави Јовановиќ.

Сите филмски проекции ќе се прикажуваат од 20 часот.

Најново

Последни колумни