Четири лица повредени во руски напад со дронови врз Днепар, меѓу нив и две осумгодишни деца

Едно девојче е хоспитализирано со тешки повреди по ноќниот напад врз украинскиот град Днепар, соопштија локалните власти.

Четири лица, меѓу кои и две осумгодишни деца, се повредени во руски напад со дронови врз украинскиот град Днепар во текот на ноќта. Едно од повредените девојчиња е хоспитализирано во тешка состојба, соопшти денеска на Телеграм Александар Ганжа, началник на Днепропетровската воена администрација.

„Четири лица се повредени во ноќните руски напади врз Днепар. Меѓу нив се и две осумгодишни деца. Едно девојче е хоспитализирано со тешки повреди“, наведува Ганжа во објавата, пренесува украинската новинска агенција Укринформ.

Според истата агенција, во најновите руски напади врз Запорожје загинале 20 лица, а 32 се повредени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс