Четири компании аплицирале на повторениот тендер за набавка на електрични автобуси за јавниот превоз во Скопје за јавниот превоз во други градови.
Информациката ја соопшти министерот за транспорт и врски Александар Николоски надевајќи се дека овој пат повикот ќе биде успешен.
Обновениот тендер заврши во понеделникот, а понудите ги разглдува евалуациска комисија составена од експерти од Министерството за транспорт и од Машинскиот факултет.
Постапката за набавката беше повторена по поништувањето на претходниот тендер за 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење. Сто автобуси се предвидени за Скопје, а останатите 50 за други градови во државава.
Инаку, со години Град Скопје мака мачи со јавниот превоз. Старите и дотраени автобуси често се расипуваат, неколку од нив и се запалија во возење.
Сето тоа резултира со недостиг на автобуси на одредени линии во одредени делови од денот, па дел од граѓаните и со часови чекаат автобус до нивното одредиште.