Горивата повторно поскапуваат, дали дизелот наскоро ќе надмине стотка за литар?

Од полноќ ново поскапување на горивата во Македонија. Бензините поскапеа за 3 денари, дизелот за 4,5 денари.

Од вечерва на полноќ, цените на горивата во Македонија повторно одат нагоре, согласно најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика.

Бензините поскапуваат за 3 денари по литар, па ЕУРОСУПЕР-95 ќе се продава за 93 денари, додека ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 95 денари за литар.

Поголемо зголемување има кај дизелот, чија цена расте за 4,5 денари, со што еден литар ЕУРОДИЗЕЛ од вечерва ќе изнесува 98,5 денари.

Според РКЕ, просечното зголемување на малопродажните цени на горивата изнесува 4,55 проценти.

Ова е продолжение на трендот на раст на цените на горивата, кој трае веќе неколку недели.

е-Трн да боцка во твојот инбокс