Трамп: Цените на енергенсите ќе „паднат како камен“ кога ќе заврши војната со Иран

Американскиот претседател вели дека крајот на конфликтот ќе донесе брз пад на цените на нафтата и гасот.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека цените на горивата ќе „паднат како камен“ штом заврши војната со Иран, во момент кога глобалниот пазар на нафта е под силен притисок поради блокадата на Ормускиот теснец и стравувањата од продолжена енергетска криза.

Цената на Брент нафтата накратко достигна над 126 долари за барел, што е највисоко ниво во последните четири години, пред да се повлече и да се стабилизира околу 114 долари.

Околу една петтина од светската нафта и гас минува низ Ормускиот теснец, кој останува сериозно нарушен поради конфликтот меѓу САД, Израел и Иран. Аналитичарите предупредуваат дека подолга блокада може дополнително да ги зголеми цените и да го засили притисокот врз глобалната економија.

Трамп повтори дека Иран нема да смее да има нуклеарно оружје, но истовремено тврдеше дека завршувањето на војната брзо ќе донесе олеснување за потрошувачите преку пониски цени на горивата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни