Бројот на загинати по разорните земјотреси во Венецуела се искачи на 2.295

Една недела по катастрофалните земјотреси во Венецуела, бројот на жртвите достигна 2.295. Илјадници спасувачи сè уште трагаат по преживеани, а здравствените власти предупредуваат на хуманитарна криза.
epa13065544 Rescue workers work at a building damaged by an earthquake in the Altamira area of Caracas, Venezuela, 25 June 2026. Venezuelan authorities reported at least 235 deaths and at least 4,300 injuries after two earthquakes, measuring magnitudes 7.2 and 7.5, mainly affected Caracas and nearby La Guaira state, as search efforts for survivors continued and the government assessed property damage. EPA/Boris Vergara

Една недела по разорните земјотреси што ја погодија Венецуела, бројот на загинати се зголеми на најмалку 2.295, додека 11.267 лица се повредени, соопшти претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригез. Во најтешко погодените подрачја се ангажирани повеќе од 26.000 припадници на службите за итни случаи и над 17.000 волонтери, кои продолжуваат со потрагата по преживеани.

Иако надежите за пронаоѓање луѓе затрупани под урнатините постепено се намалуваат, властите соопштија дека досега живи се спасени 6.461 лице.

Регистрирани повеќе од 780 последователни потреси

Откако на 24 јуни Венецуела беше погодена од два силни земјотреси со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени, сеизмолозите регистрирале уште 782 последователни потреси. Иако нивната зачестеност и интензитет се намалуваат, властите предупредуваат дека опасноста од нов силен земјотрес сè уште не е целосно отстранета.

Панамериканската здравствена организација (PAHO) предупреди дека катастрофата може дополнително да ја влоши состојбата со јавното здравје во земјата. Според организацијата, стотици илјади луѓе и понатаму имаат потреба од медицинска помош.

PAHO упати апел до меѓународната заедница за обезбедување 24 милиони долари помош, наменети за набавка на лекови, вакцини и стабилизација на здравствените услуги во најпогодените региони во следните шест месеци.

Прогласена седумдневна жалост

Привремената претседателка Делси Родригез прогласи седумдневна национална жалост и изрази сочувство до семејствата на загинатите.

Во меѓувреме, начинот на кој властите се справуваат со последиците од катастрофата е сè почесто предмет на критики. Голем број жители сметаат дека реакцијата на државните институции била бавна и недоволна во првите денови по земјотресите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс