Британските производители започнуваат со отпуштања?

Високи извршни директори од британските автомобилски, производствени и енергетски сектори ги предупредија пратениците дека би можело да дојде до губење на илјадници работни места веќе летово, доколку САД продолжат со имплементација на новите трговски тарифи што ги воведе Трамп.

Британските производители би можеле да започнат со отпуштања во рок од неколку недели, доколку владата во Лондон не преземе чекори за заштита на економијата од трговскиот војна со царини што ги наметна американскиот претседател Доналд Трамп, соопштија денеска лидерите на водечките индустриски сектори пред британските пратеници.

Високи извршни директори од британските автомобилски, производствени и енергетски сектори ги предупредија пратениците дека би можело да дојде до губење на илјадници работни места веќе летово, доколку САД продолжат со имплементација на новите трговски тарифи што ги воведе Трамп.

Ова предупредување пристигнува во момент кога британската министерка за финансии, Рејчел Ривс, патува во САД на нејзиниот прв состанок со американскиот секретар за финансии Скот Бесент, со цел да се договорат за нов трговски договор кој би ги ублажил последиците од трговската војна.

Во спротивно, се разгледува можноста британската влада да воведе нова шема за поддршка, слична на онаа за време на пандемијата, за покривање на плати за потенцијално отпуштените работници.

Извршниот директор на Друштвото на производители и трговци на мотори, Мајк Хејвс, изјави дека:

„Обидите на Трамп да ја потресе глобалната економија ќе имаат сериозен и непосреден ефект врз британските врвни производители на автомобили, особено оние кои се силно ориентирани кон американскиот пазар.“

Меѓу загрозените компании се Rolls-Royce, Bentley, Aston Martin и McLaren, кои веќе размислуваат за намалување на бројот на вработени како последна мерка за избегнување поголеми финансиски загуби.

„Прашање на недели е, а не месеци, пред да започнат со гасење на работни места,“ предупреди Хејвс.

Состојбата се следи со зголемена загриженост од синдикатите и бизнис заедницата, додека аналитичарите предупредуваат дека последиците може да бидат многу пошироки од автомобилската индустрија, со оглед на длабоката вмреженост на британската извозна економија со американскиот пазар.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни