Британскиот „Vogue“ го објави првото издание со Брајово писмо

Главниот уредник на британскиот Vogue, Едвард Енинфул, е воодушевен од реакцијатана првото издание на списанието со Брајово писмо, наменето за слепи и слабовидни лица. Мајското издание на модната публикација, која беше лансирана во Велика Британија во 1916 година, е достапно во физичко издание на Брајово писмо, како и во аудио формат.

„За прв пат во историјата на британскиот Vogue, со задоволство можам да споделам со вас дека списанието сега е достапно на Брајово писмо за слепите и слабовидите. Тимот на Vogue и јас бевме воодушевени од одговорот на мајското издание. но она што не научи процесот на работа на него е дека најважни се опипливите и трајни промени “, објави Енинфул на Инстаграм.

„Vogue, модната и издавачката индустрија имаат уште многу работа, но многу ме радува што го видов доаѓањето на првото издание на Брајово писмо денес“, рече тој.

Мајското издание на списанието се фокусира на инклузивноста и прикажува талентирани луѓе со попреченост, вклучително и насловната ѕвезда Шинејд Бурк, ирска писателка и активистка за попреченост која има ахондроплазија, најчестиот облик на џуџест раст.

Во ова издание се појавуваат и актерката Селма Блер, моделите Арон Роуз Филип и Ели Голдстајн и американската преведувачка и изведувачка на знаковен јазик Џастина Мајлс како посебни насловни ѕвезди. Бројот содржи 19 лица со попреченост од светот на модата, спортот, културата и активизмот презентирани преку интервјуа, лични есеи и друго.

Извор: Index.hr

Инстаграм:

е-Трн да боцка во твојот инбокс