Брисел најавува ново проширување: Црна Гора најблиску до ЕУ, Албанија веднаш зад неа

Последната земја што се приклучи на ЕУ беше Хрватска во 2013 година. Од тогаш, проширувањето се одвива побавно, но последните геополитички случувања повторно го вратија во фокус.

Европската Унија би можела во наредните години да добие нови членки, а најблиску до членство моментално е Црна Гора, по која следи Албанија, изјави европската комесарка за проширување Марта Кос. Таа нагласи дека процесот на проширување повторно добива на динамика и дека постои реална можност за нов бран на проширување на Европската Унија.

„Се надевам дека примерот на Црна Гора и Албанија ќе ги мотивира и останатите земји од Западен Балкан да продолжат со реформите“, порача Кос.

Западен Балкан повторно во фокусот на ЕУ

По подолг период на застој, проширувањето повторно станува еден од стратешките приоритети на Брисел. Според проценките, Црна Гора е најнапредна во процесот на пристапување, со најголем број затворени преговарачки поглавја.

Албанија истовремено забрзано ги спроведува реформите и се позиционира како следен кандидат за напредок кон членство.

Босна и Херцеговина има кандидатски статус и веќе има одобрено отворање на пристапни преговори со Европската Унија. Босна и Херцеговина доби кандидатски статус кон крајот на 2022 година, додека преговорите беа одобрени во 2024 година. Северна Македонија е кандидат од 2005 година, Србија од 2012 година, додека Турција има кандидатски статус уште од 1999 година, но процесот е во застој.

Последното проширување

Последната земја што се приклучи на ЕУ беше Хрватска во 2013 година. Од тогаш, проширувањето се одвива побавно, но последните геополитички случувања повторно го вратија во фокус. Според Брисел, проширувањето има цел да придонесе за стабилност на Западен Балкан и поблиско усогласување со европските стандарди. Иако патот кон членство останува долг, пораката од ЕУ е дека процесот повторно се забрзува.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни