Билбордот „Добредојдовте во Скопје“ е отстранет, ќе се постави нов на трошок на изведувачот

Од Градот велат дека ги земаат предвид реакциите на јавноста и веднаш постапиле по забелешките.

Билбордот „Добредојдовте во Скопје“, кој беше поставен на влезот во главниот град и предизвика бројни реакции на социјалните мрежи поради забележани грешки во визуелното решение, денеска е отстранет.

Според информации од извори во Град Скопје, ќе биде изработен и поставен нов билборд, а сите трошоци ќе ги сноси компанијата што го изработила првичното, погрешно визуелно решение. Оттаму посочуваат дека исправката нема да биде на товар на граѓаните.

Од Градот велат дека ги земаат предвид реакциите на јавноста и веднаш постапиле по забелешките.

Билбордот беше поставен во петокот вечерта како ново обележје на влезот во Скопје, но набрзо стана тема на критики поради повеќе грешки во дизајнот, меѓу кои и неточен приказ на коњот Букефал.

е-Трн да боцка во твојот инбокс