Скопје беше домаќин на несекојдневен културен настан кој покажа дека библиотеката може да биде многу повеќе од место за книги. Под мотото „Библиотеката е во мода, модата е во библиотека“, Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ го реализираше проектот „Мода меѓу страници“, кој ги спои литературата, модата, музиката и сценската уметност во едно уникатно доживување.




Зад концептот стои директорката Анета Механджиска, која со својот тим ја претстави библиотеката како современ културен центар.
„Библиотеките треба да бидат живи културни простори што ги поврзуваат уметностите и ја доближуваат културата до луѓето“, беше истакнато во нејзиното обраќање.
Еден од највпечатливите моменти на вечерта беше настапот на модната дизајнерка Ивана Кнез, која создаваше креација во живо, цртајќи директно врз фустан инспириран од поемата „Бисера“ на Константин Миладинов. Стиховите буквално се претворија во визуелна уметност.

Програмата ја водеше Борче Начев, кој ја поврза целата вечер во една целина, додека поетско-музичкиот дел со интерпретации и вокалната изведба на Сања Тодоровиќ создаде емотивна атмосфера која беше наградена со долг аплауз. Дополнителна динамика внесе и партнерството со Халкбанк, која постави креативен фото-корнер во форма на отворена книга, овозможувајќи им на посетителите да станат дел од приказната.
Дополнителна динамика на настанот внесе и партнерството со Халкбанк, која се приклучи со креативен фото-корнер. Посетителите имаа можност да се фотографираат во рамка во форма на отворена книга и на тој начин да станат дел од приказната на „Мода меѓу страници“, носејќи си спомен од вечерта во визуелна форма.
„Мода меѓу страници“ заврши како силна порака дека библиотеката не е само чувар на книги, туку и простор каде се создава современа култура.