Поради поврзување на старата со новата водоводна мрежа на улицата „Софиска“, на раскрсницата со улицата „Петар Драганов“, денеска без вода ќе останат дел од жителите на општина Карпош. Според информациите, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:30 часот и ќе трае до завршување на градежните активности.
Без вода ќе бидат корисниците на следните улици: Софиска, Бриселска, Његошева, Копенхагенска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски. Од надлежните апелираат граѓаните навреме да обезбедат доволни количини вода за основните потреби до нормализирање на водоснабдувањето.