Дел од корисниците на три улици во скопски Центар денеска, 25 ноември, од 9 часот ќе бидат без вода. Причината е дефект на водоводната мрежа кај број 85 на улицата „Партениј Зографски“.
Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопштија дека водоснабдувањето ќе се врати по санацијата на дефектот.