Дел од жителите на Општина Карпош денеска ќе останат без вода поради поврзување нова водоводна мрежа и уличен дефект на водоводна цевка со профил од 125 милиметри. Прекинот се однесува на корисниците од улицата Ванчо Мицков и дел од улицата Демир Трајко.
Од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:30 часот и ќе продолжи по завршувањето на работните активности. Засега не е наведено колку долго ќе трае прекинот.