Бернам го повика Инфантино да поднесе оставка

„Идејата дека тоа би можело дури и да се помисли, според мене, покажува дека Инфантино е погрешниот човек да ја води ФИФА“ изјави Бернам
Фото: Kremlin.ru, CC BY 4.0, via Wikimedia Commons

Џани Инфантино треба да се повлече од функцијата претседател на ФИФА поради неговите планови за продажба на удел во Светското првенство, изјви денеска британскиот премиер Енди Бернам.

Бернам стана првиот лидер на голема нација што побара Инфантино да се повлече по критичниот прием на обидот на шефот на ФИФА да создаде комерцијален ентитет и да продаде удел на надворешни инвеститори.

Идејата дека тоа би можело дури и да се помисли, според мене, покажува дека претседателот на ФИФА е погрешниот човек да ја води организацијата“.

Бернам, кој долго време повикува на заедничка сопственост на фудбалските клубови, претходно оваа недела напиша на Твитер дека „фудбалот не им припаѓа на инвеститорите“, туку „на луѓето што ги полнат трибините и кои стојат на аут линијата недела по недела, без разлика дали е дожд или сончев ден“. „Светското првенство не е производ. Тоа е најголемото натпреварување во светскиот спорт и никогаш не било на никого да го продава. Обликувајте го договорот како што сакате. Откако ќе продадете дел од него, сте се распродале“.

Инфантино е под зголемен притисок откако УЕФА едногласно гласаше за бојкот на Светското првенство доколку плановите продолжат. Претседателот на ФИФА, исто така, го загуби својот виш советник Карлос Кордеиро во петокот, кој го нарече предлогот „лош договор за фудбалот“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс