Белорусија распоредува војска на границата со Украина

Воените власти во Минск ја формираат 37. воздухопловно-десантна јуришна бригада во Гомелската област, тврдејќи дека се работи за заштита на јужниот пристап.
Фото: Ricky Cain from Monroe, USA, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons

Белоруските вооружени сили започнаа со формирање нова 37. воздухопловно-десантна јуришна бригада во регионот Гомел, сместена на 40 километри од границата со Украина. Оваа воена активност е дел од поширокото прераспоредување на единици во јужниот дел на земјата. Официјален Минск објаснува дека потегот има цел засилување на јужното крило.

Новата елитна формација е сместена во непосредна близина на украинската граница, што носи дополнителна концентрација на трупи во оваа погранична зона. Наредбата за формирање на оваа десантна бригада ја издаде претседателот Александар Лукашенко, по што белоруската армија започна со активности за нејзино комплетирање.

Според официјалните соопштенија од Минск, потегот е преземен заради заштита на сопствената територија и одбрана на јужниот пристап кон земјата. Сепак, поставувањето на падобранско-јуришна бригада толку блиску до границата предизвикува дополнително внимание. Белорусија служеше како логистичка и оперативна база за руските воени сили од самиот почеток на инвазијата врз Украина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс