Бела пена се излеа попладнево во реката Лепенец.
Истата потоа продолжила во реката Вардар и најизрзена беше во течението кај Злокуќани.
На лице место излегле и екипи на скопски „Водовод“ земаат примероци за да утврдат за каква материја станува збор.
Градоначаликот на Скопје Орце Ѓорѓиевски соопшти дека до Град Скопје стигнала пријава за непозната материја која од реката Лепенец се влева во Вардар.
„Нашите инспекциски служби веднаш излегоа на терен, а дополнително ги контактиравме и инспекциските служби на Министерството за животна средина кои исто така веднаш излегоа на терен. Дополнително, од страна инспекциските служби на град Скопје, беше пуштен и дрон за детектирање на причинителот на оваа појава, а службите од ЈП ‘Водовод и канализација’ беа повикани за да земат примероци од реката и веднаш ги испитаат и утврдат за каква материја станува збор. Во комуникација сме со Министерството за животна средина и министерот и верувам дека за брзо време ќе биде откриен причинителот на оваа појава и соодветно санкциониран“, вели градоначалникот.