Beauty Expo Skopje, големиот изложбено-продажен саем за козметика, убавина и нега, ќе се одржи од 3 до 5 април во хотел „Александар Палас“ – Скопје, на површина од 2.000 м².
Во текот на трите саемски дена, посетителите ќе имаат можност да се запознаат со понудата на околу 50 изложувачи, меѓу кои и некои од најголемите и највлијателни компании од светот на козметиката и beauty индустријата.
Саемот е наменет и за пошироката публика и за професионалците од секторот за убавина. Покрај презентацијата на новитетите, посетителите ќе имаат можност и за директно купување на производи по специјални саемски цени.
Работното време е петок од 18 до 22 часот, додека сабота и недела од 10 до 20 часот.
Билетите се достапни преку mkTickets по цена од 200 денари, како и на касата на влезот во хотелот.