Населеното место Бардовци денеска ќе биде без вода поради реконструкција на пумпениот дел во хидрофорот и поставување на нова пумпа. Како што информираат надлежните, прекинот е неопходен за изведување на техничките работи и подобрување на водоводниот систем.
Паралелно, поради дефект на затворач на улицата „Народен Фронт“ 21, без вода ќе останат и корисници од дел од Центар. Станува збор за потегот од Дом на печатот до улицата „Франклин Рузвелт“, како и дел од улицата „Васил Ѓорѓов“.
Прекинот на водоснабдувањето започна во 08:30 часот и ќе трае до завршување на санацијата на дефектот, информираат надлежните служби.