Блокбастерот „Барби“ надмина една милијарда долари во продажба на билети ширум светот од неговото деби на 21 јули, објавија од Warner Bros. Pictures.
Во соопштението, од Warner Bros рекоа дека фантази-комедијата заработила 459 милиони долари од домашните кина – сметајќи ги САД и Канада – и уште 572,1 милиони долари во странство откако се појавил во кината, со што вкупната заработка е 1,0315 милијарди долари. Бројката беше потврдена од фирмата за медиумска анализа Comscore.
Номинираната за Оскар, писателката и режисерка на „Барби“, Грета Гервиг, исто така, стана првата жена-режисер што заработила над една милијарда долари како соло режисерка на филм.

Ова беше трет викенд во кината за „Барби“. Филмот привлече 127 милиони долари ширум светот овој викенд, со 53 милиони долари домашни приходи и уште 74 милиони долари во странство, според Comscore.
„Како шефови на дистрибуција, ние често не остануваме без зборови поради доброта продажба на филмот, но Barbillion ги надмина дури и нашите најоптимистички предвидувања“ рекоа Џеф Голдстајн, претседател на домашната дистрибуција за Warner Bros. Pictures и Ендрју Крипс, претседател на меѓународна дистрибуција, во нивното соопштение
Главните улоги во филмот ги играат Маргот Роби и Рајан Гослинг како Барби и Кен, а приказната на филмот ја испраќа иконската кукла на Mattel Inc во авантура во реалниот свет.
Продажбата на билети за „Барби“ оваа година е на второто место по „Супер Марио Брос“, кој излезе во април и заработи вкупно 1,357 милијарди долари на кино благајните.
Извор: Reuters