Фотографија од средбата на Емануел Макрон и француската министерка за спорт Амели Удеа Кастер на Олимписките игри е главна тема во светските медиуми.
На интернетот се проширија фотографии на кои Амели го бакнува претседателот во образ, но корисниците на социјалните мрежи овој бакнеж го споредуваат со бакнеж на љубовници.
На фотографиите може да се види како министерката го држи Макрон за бицепсот со едната рака, а другата ја има ставено на неговиот врат. Потоа го бакнува во образ, а тој ѝ го возвраќа бакнежот.
Ситуацијата станала уште понепријатна, според медиумите, бидејќи многумина забележале дека не дел од фотографиите се гледа и премиерот Габриел Атал, кој стои покрај нив и го врти погледот на другата страна, а на лицето му се гледа не се чувствува пријатно, пренесува Индекс.хр.