Интер ја продолжи, Баерн ја заврши низата од 44 години играч во финалето на СП

Историската серија на Баерн Минхен, играч во секое финале на Светско првенство од 1982 година наваму, е официјално прекината. Со поразот на Англија од Аргентина во второто полуфинале, ниту еден играч на баварскиот клуб нема да настапи во недeлното финале.
Фото: EPA/WILL OLIVER

Финалистите се одредени: Шпанија против Аргентина. Шпанскиот состав, како што веќе пишувавме, нема ниту еден играч на Баерн или Интер. Аргентина, пак, го носи Лаутаро Мартинез, капитенот на Интер и најдобар стрелец на Серија А во изминатата сезона.

Тоа значи дека серијата на Интер, идентична по должина со онаа на Баерн, останува жива и ќе се продолжи. Баерн, спротивно, за прв пат од 1982 година нема да има претставник во финалето на Светско првенство, откако единствената надеж, Хари Кејн со Англија, испадна во полуфиналето.

Мартинез влезе како замена во 81-та минута, токму навреме за да учествува во драматичниот пресврт на Аргентина, која со два гола во последните десет минути ја совлада Англија со 2:1. Токму тој и беше стрелецот на голот за целосен пресврт со кој Аргентина се избори за пласман во финалето.

Финалето се игра во недела од 21:00 часот, кога Аргентина ќе се обиде да ја одбрани титулата, а Шпанија ќе се обиде да ги спои европската и светската титула.

е-Трн да боцка во твојот инбокс