Автобус со туристи од Србија излетал од пат во Бугарија во раните утрински часови, додека патниците се враќале од летување во турското туристичко место Кушадаси.
Според првичните информации, несреќата се случила околу 3 часот по полноќ, на приближно 150 километри од Софија.
Во автобусот имало поголем број патници од Србија, главно млади луѓе кои се враќале дома по летувањето во Турција. Повеќето од нив спиеле во моментот кога автобусот излетал од патот.
Засега нема информации за повредени
Во моментов нема официјална потврда дали во несреќата има повредени патници.
Не се познати ниту причините поради кои автобусот излетал од коловозот. Се очекуваат дополнителни информации од надлежните служби во Бугарија за околностите под кои се случила несреќата и состојбата на патниците.