Авионско прскање против комарци во Скопје: Акцијата почнува денеска и утре рано наутро

Скопје информира дека денеска и утре, во раните утрински часови, ќе се спроведе авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на територијата на градот. Акцијата има за цел намалување на популацијата на комарци во урбаните и приградските делови на градот, особено во период на зголемена активност на инсектите.

Од надлежните служби посочуваат дека доколку временските услови не дозволат изведување на активноста во планираниот термин, прскањето ќе биде одложено за првиот следен ден со поволни временски услови, во истиот временски период.

Градските власти упатуваат апел до пчеларите навремено да ги преземат сите потребни мерки за заштита на пчелните семејства за време на спроведувањето на дезинсекцијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс