Search
Уште еден настан во организација на платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ

„Артан Лили“ по четири години повторно со концерт во Скопје

Култниот белградски бенд „Артан Лили“ и алтернативнот македонски состав „Занаду“ во петокот одржаа целовечерен концерт во Младинскиот културен центар. Концертот е дел од музичката програма на платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ.

Овој белградски бенд по четири години пауза, повторно свиреше за скопската публика. За нив Скопје велат е како да доаѓаат во некое нивно пра престојувалиште.

– Бевме овде на истава бина неколку дена пред почетокот на короната. Тоа е последниот концерт пред короната кој го отсвиривме. Тој беше на 7 март, а овој е на 8 март. По четири години и еден ден се враќаме во Скопје со нови синглови. Работевме и снимивме доста материјали овие четири години и еве сега е време да направме конечно една права скопска рекапитулација- велат дечките од „Артан Лили“.

Тие зад себе имаат три албуми, 10 години активно концертирање и се еден од најреномираните регионални бендови. Последниот албум носи и соработки со колеги од локалната сцена, меѓу кои Зоран Костиќ-Цане од „Partibrejkers“ и Никола Врањковиќ. Покрај професионалноста во креирање и изведба на музика, тие посветено се занимаваат и со нејзината визуелна репрезентација преку продукција на видео записи.

„Артан Лили“ низ годините успеваат да го задржат вниманието и интересот на различна генерација на публика, а нивната работа да биде признаена и наградувана. Со своите синглови ги освојуваат сите релевантни радиски и ТВ топ листи во својата земја и регионот. Најинтересен е пласманот на песната „Ako stanemo tu“ која веднаш како новитет застана на првото место на листата „Diskomer“ на „Studio B“.  За повеќе од 40 години колку што постои листата, овој куриозитет го искусиле само музички групи како „Bjelo Dugme“ и „Ekaterina Velika“. Добитници се на првата по ред награда на друштвото „Milan Mladenović“.

Инаку концерот во МКЦ го отворија бендот „Занаду“, претставниците на македонската урбаната и алтернативна музичка сцена. Бендот коj не верува во жанровски ограничувања, а на музиката гледа како слобода за канализирање на моментална емоција, импулс и енергија е формиран во 2021 година. Во 2022 година го обавуваат својот деби сингл „Навика”, за подоцна истата година во етер да го пуштат и нивниот деби албум „Соништа” предводен од истоимениот сингл и синглот „Зборувај, замижи, побегни”. „Занаду“ се еден од најмладите состави на „Гола Планина Колектив“. Тие пркосат со својата младешка енергија, а нивната соничност и дивергентност е најдобро воочлива на настапите, каде најмногу ги уживаат бисовите и стиховите кои едногласно ги делат со публиката

Најново

Последни колумни