Архангел го објавија синглот „Дни оловни” пред големиот концерт на 13 јуни

Повеќе од две децении по последниот студиски албум, фронтменот Ристо Вртев со нова песна го најавува и петтото дискографско издание на бендот

Македонскиот рок состав Архангел објави нов сингл „Дни оловни”, со кој официјално го најавува своето петто студиско издание. Автор на музиката и текстот е фронтменот Ристо Вртев. Песната претходи на големиот самостоен концерт „Срцевина”, закажан за 13 јуни на стадионот на АРМ во Скопје.

Прво ново студиско дело по повеќе од две децении

Со objавувањето на „Дни оловни” Архангел го прекинуваат долгиот студиски молк. Последниот студиски албум на бендот излезе пред повеќе од две децении, а новиот сингл е официјална најава дека петтото дискографско издание е во подготовка. Звукот и лириката на песната носат специфична симболика: концептуално ги поврзуваат почетоците на 44-годишната кариера на Вртев со нејзиното денешно продолжение.

Снимено во „Clinic Sound”, sound design на Gramophonedzie

Синглот е снимен, миксан и мастериран во скопското студио „Clinic Sound” на Нино Спиркоски. Sound design е потпис на Марко Миличевиќ, познат под псевдонимот Gramophonedzie.

На концертот премиерно и нови композиции во живо

На концертот „Срцевина” на 13 јуни на стадионот на АРМ во Скопје, Архангел покрај генерациските хитови од досегашната дискографија ќе изведат и дел од новите композиции премиерно во живо.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни