На Светското првенство 2026 останаа уште само два натпревара, финалето и мечот за третото место. Во првото полуфинале Шпанија ја совлада Франција со 2:0 и обезбеди место во големото финале, додека Аргентина во второто полуфинале направи спектакуларен пресврт и ја победи Англија со 2:1.
Тухел: По секој натпревар има милиони селектори
Селекторот на Англија, Thomas Tuchel, не го криеше разочарувањето по елиминацијата. „По секој натпревар постојат милиони тренери кои мислат дека знаат подобро“, изјави Тухел, кој по поразот се најде на удар на англиските медиуми.
Неколку минути по последниот судиски свиреж, аргентинските фудбалери прославија со транспарент на кој пишуваше:
„Фолкландските Острови се аргентински.“
Играчите го поставија транспарентот во центарот на прославата на стадионот во Атланта, испраќајќи јасна политичка порака и покрај претходните обиди селекторот Скалони да ги намали тензиите и да потенцира дека станува збор само за фудбал.
Поранешниот капитен на Англија, Вејн Руни, жестоко ја критикуваше играта на националниот тим.
„Дојдовме во одлична позиција, а потоа немавме идеја што треба да правиме. Се повлековме и им дозволивме да нè притиснат. Создадоа многу шанси и на крајот едноставно се распаднавме. Навистина сум разочаран“, изјави Руни за BBC.
Кејн: Скршен сум
Капитенот на Англија, ХАри Кејн, призна дека поразот тешко му паднал.
„Скршен сум поради играчите, поради целиот тим, стручниот штаб и навивачите. Одигравме добар натпревар и долго време имавме контрола. Но кога поведовме со 1:0, се обидовме само да ја сочуваме предноста, а тоа на ова ниво не е доволно. Ужасно се чувствувам бидејќи напорно работевме за да стигнеме дотука. Играчите дадоа сè од себе – трчаа, се бореа и оставија срце на теренот“, изјави Кејн.
Аргентина во финалето ќе се соочи со Шпанија, додека Англија ќе игра против Франција во натпреварот за третото место.