Регулаторите открија дека Амазон е одговорен за неисправни производи кои се продаваат од трети лица преку нивната платформа. Помеѓу производите има запаливи пижами, неисправни детектори за јаглерод моноксид и фенови за коса од кои може да ве фати струја.
Амазон не успеал соодветно да предупреди повеќе од 300.000 клиенти за сериозни ризици – вклучувајќи смрт и струен удар – што тестирањето на Комисијата за безбедност на потрошувачите на производите на САД (CPSC) го откри кај повеќе од 400.000 производи што трети страни ги продавале на нејзината платформа.
CPSC едногласно изгласа Амазон да биде правно одговорен за неисправните производи на трети продавачи. Сега, Амазон мора да направи план одобрен од CPSC за правилно да ги повлече опасните производи – вклучително и многу запаливи детски пижами, неисправни детектори за јаглерод моноксид и небезбедни фен за коса што може да предизвика струен удар – за кои CPSC стравува дека сè уште може да се користат во домовите низ Америка.
Наместо да ги повлече производите, кои се продавале помеѓу 2018 и 2021 година, Амазон испратил пораки до клиентите, за што CPSC вели дека ја омаловажило опасноста.
Во овие пораки – и покрај тоа што тестовите покажале дека производите се опасно, Амазон само ги предупредил клиентите дека производите може да не ги задоволат федералните безбедносни стандарди и дека само потенцијално претставуваат ризик за повреди или изгореници кај децата, електричен шок, или изложеност на потенцијално опасни нивоа на јаглерод моноксид.
Вообичаено, од дистрибутерот се бара конкретно да го користи зборот „повлекување“ во насловот на овие видови пораки, но Амазон го избегна користењето на тој збор. Наместо тоа, Амазон избра да користи многу помалку алармантни зборови и наслов во кој пишува: „Внимание: Важно безбедносно известување за вашата мината нарачка од Амазон“.
Амазон потоа остави на потрошувачите да ги исфрлат производите, а компанијата им дала на потрошувачите и картичка за купување нов производ, без никаков доказ дека дефектиниот производ бил уништен или поправен.
Диполнително, Амазон во пораките не користел фотографии од неисправните производи, како што вели законот и не понудил можност купувачите да одговорат. Комисијата исто така увидела дека Амазон не направил напори за да проверат колку од производите биле уништени или колку од пораките кои ги испратиле биле воопшто отворени.
Сепак, Амазон сè уште мисли дека овие пораки се доволни. Портпаролот на Амазон изјави за Арс дека Амазон планира да поднесе жалба на пресудата.
„Ние сме разочарани од одлуката на CPSC“, рече портпаролот на Амазон. „Планираме да поднесеме жалба на одлуката и со нетрпение очекуваме да го претставиме нашиот случај на суд. Кога првично бевме известени од CPSC пред три години за потенцијалните безбедносни проблеми со мал број производи од трети страни во центарот на оваа тужба, ние брзо ги известивме клиентите, им наложивме да престанат да ги користат производите и им вративме пари“.
Извор: Wired