Алжир стигна до важна победа од 2:1 против Јордан во второто коло од групата Ј на Светското првенство 2026, во натпревар кој донесе две различни слики на играта. Јордан изненадувачки поведе во 36. минута преку Низар Ал-Рашдан и на полувреме замина со предност, иако Алжир имаше поголем посед и повеќе создадени шанси.
Во второто полувреме Алжир целосно ја презеде иницијативата. Израмнувањето стигна во 69. минута кога Ахмед Бенбуали погоди со глава по корнер на Ријад Марез. Пресвртот беше комплетиран во 82. минута, кога Амине Гуири се најде најдобро во мешаницата во шеснаесетникот и ја испрати топката во мрежата. По ВАР проверка, голот беше признат. Со оваа победа, Алжир ги освои првите бодови на турнирот и останува во игра за пласман понатаму, додека Јордан по две кола сè уште е без бодови.