Албумот „Subtract“ на Ед Ширан можеби му е најдобар, но како ќе реагираат фановите?

Пред околу една деценија, Ед Ширан ја освои поп сцената со својот заштитен знак, поп верзија на сензитивен кантавтор, со примеси на рап и R&B, што му овозможи да шета низ жанровите, наметнувајќи го својот стил на сè, од Afrobeats до Eminem и Bring Me the Horizon соработки. Тоа е најпаметната работа што една поп-ѕвезда може да ја направи во почетокот на ерата на стримингот, каде што успехот е поврзан со вашата способност да се појавувате на што е можно повеќе плејлисти од разни жанрови – стратегија што ја потврдуваат продажбите на Ширан од 150 милиони – но и доказ за неговиот талент: ако беше толку лесно, сите ќе го правеа тоа. Под овие околности, тешко е да не бидеме импресионирани од тоа колку сесрдно Ширан се посвети во неговиот петти албум, Subtract, кој има значително поинаков изглед од претходните албуми.

извор: Ed Sheeran/YouTube

Тој не само што го ангажираше Арон Деснер од американскиот инди-бенд „Национал“ и копродуцент на албумите на Тејлор Свифт „Фолклор“ и „Евермор“ за да го продуцира; тој исто така ги избегнуваше своите вообичаени соработници во за пишување на текстовите. Интригантно е што нивното отсуство не влијаеше на потенцирајлот за комерцијализација на овој албум на Ширан: „Colourblind“ се чини дека ќе се избира како песна за прв танц на свадби подеднакво со Perfect или Thinking Out Loud; „Curtains“ и „Spark“ брзо стануваат заразни; мелодијата на „Sycamore“ е прекрасна. Слушајќи го последниот албум се поставува прашањето дали ангажирањето текстописци на претходните албуми само го кочеа Ширан. Песна која најмалку останува во сеќавање од новиот албум е онаа во која се вмеша поп-супер-продуцентот Макс Мартин, „Eyes Closed“.

Уникатноста на „Subtract“ произлегува од личниот живот на Ширан. Првично требаше да биде албум со акустични песни на кои работел изминатата деценија, но таа идеја ја отфрлил по смртта на неговиот пријател Џамал Едвардс, борбата на неговата сопруга Чери Сиборн со рак и тужбата за авторски права поради Shape of You. На албумот очигледно започнал да работи од почеток, а резултатот е албум со тажни нишка, што е различно од се што работел претходно.

„Eyes Closed“,  е веројатно песната која е вклучена на албумот како безбеден облог за станување хит, но на албумот не се гледаат напорите на Ширан за да се допадне на публиката. Нема никакво фиксирање на трендовите што беа причината за „Bad Habits“ од 2021 година, хит очигледно моделиран по „Blinding Lights“ на Weeknd. „The Hills of Aberfeldy “ носи со себе келтск фолк, но „Life Goes On“ и „Salt Water“ имаат пожестоко и темно чувство, што укажува на тоа дека Ширан не ѝ се додворува на публиката во пабовите, туку навлегува во закопаниот аспект на неговата музичка ДНК. Во „End of Youth“ пак, можете да го слушнете како се свртува кон хип-хоп вокални, познати во песната „Shape of You“, но тој всушност никогаш не почнува да рапува.

Извор: Ed Sheeran/YouTube

На Ширан често му се замерува затоа што пишува со прозаични, широки изрази, но текстовите овде се чувствуваат фокусирани: во „End of Youth“, тој пројавува сомнеж во себе; „Sycamore“ не носи во чекалната на докторот додека тој и Сиборн ја чекаат нејзината дијагноза. Има повремени светли моменти, како во „Curtains“, но најчесто неизвесноста и фатализмот го заменуваат оптимизмот: „Што можете да направите освен да се молите? „Одам напред – но до каде? „Ги затворам очите и правам еден чекор и велам „Ете го“.

„Subtract“ не е албум за реинвенција што треба ги плаши фановите. Но, Ширан го зазема центарот на мејнстримот, каде што луѓето сакаат да знаат што точно добиваат. Неговиот емотивен тон е поврзан со приказната на Ширан и не е јасно колку е вложена во неговата приказна всушност неговата публика. Тој е познат како момче со кое може да се поврземе – убав, обичен фраер – но дали тоа значи дека фановите се фасцинирани од Ширан сам по себе, или само Ширан како шифра за убави, обични луѓе, е интересно прашање.

„Subtract“ е убедливо неговиот најдобар албум. Но, тоа е и првиот албум на Ед Ширан од неговиот почеток на кариерата за кој не можете самоуверено да предвидите неверојатен комерцијален успех.

Извор: The Guardian

е-Трн да боцка во твојот инбокс