Албулена Хаџиу распиша вонредни избори во Косово

Косово оди на нови избори на 7 јуни откако парламентот не избра претседател. Политичката криза продолжува, а институциите остануваат блокирани.


Вршителката на должност претседател на Косово, Албулена Хаџиу, распиша предвремени парламентарни избори за 7 јуни, откако парламентот не успеа да избере нов шеф на државата. Ова ќе бидат трети избори за нешто повеќе од една година, со што дополнително се продлабочува политичката криза во земја

Политичкиот застој трае со месеци, бидејќи поделениот парламент не успеа да избере ниту претседател на парламентот, што ја направи владата нефункционална во поголем дел од минатата година. „Доцниме со реформите без причина. Не можеме да си дозволиме губење време“, изјави Хаџиу по средбата со политичките лидери.

Пратениците имаа рок до полноќ во вторник да изберат претседател, по истекот на мандатот на Вјоса Османи. Премиерот Албин Курти не успеа да обезбеди доволна поддршка за својот кандидат, иако неговата партија Ветевендосје оствари убедлива победа на изборите во декември.


е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни