Музичката академија при Универзитетот Гоце Делчев од Штип, организира Фестивал на перкусии на светот 2024, кој ќе се одржи во петок на 24 мај, со почеток во 20 часот во Дом на млади – Штип.
„Идејата за ова музичко патешествие е на гитаристот, композитор и професор на Музичката академија, Тони Китановски. Неговиот музички пријател од Киншаса, Ерик Малу Малу (Јупитер и Оквес Интернационал), сними голем дел од материјалот во неговото студио „Кинармоник“ во главниот град на ДР Конго, додека Тони компонираше и снимаше со своите пријатели Роми во Скопје и во неколку други градови во шест земји и на три континенти. Сè навистина созреа кога триото „Афро гитано“ започна да го изведува материјалот во живо. Уникатната интеракција меѓу тројцата мајстори музичари на сцената е наелектризирана, често интензивна како шумски пожар, разновидна како и човештвото. Вистински дух на она што го нарекува големиот Дјук Елингтон – музика од човечки род“, велат организаторите од Музичката Академија на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.