Африкански температури ќе ја загреат Македонија

По студените утра и појавата на мраз, следува значително затоплување со јужен воздушен бран и температури што ќе наликуваат на лето.

По неколкуте студени утра и појавата на мраз и слана во делови од земјата во изминатиот период, Македонија влегува во значително потопол период. Во следните денови температурите постепено ќе растат, а за време на викендот во делови од земјата ќе се почувствува речиси летно време.

Најтопло се очекува да биде во централните и југоисточните предели, каде дневните температури може да се искачат и до 30 степени. Потопло ќе биде и во утринските часови, со што се намалуваат условите за појава на утрински мразеви и слана.

Според метеоанализата на Славчо Попоски, до крајот на седмицата целиот Балкан ќе биде под влијание на значително потопол воздушен бран од југ, односно од Африка. Тоа ќе донесе повисоки температури и стабилизирање на времето по претходното заладување.

УХМР за наредните денови најавува сончево и топло време, со температури кои во делови од земјата ќе се движат до 27 степени во средината на неделата, додека дополнително затоплување се очекува кон викендот.

Ваквиот пресврт значи дека Македонија за кратко време преминува од студени пролетни утра кон температури што повеќе наликуваат на почеток на лето. Особено топло ќе биде во Повардарието и југоисточните делови, каде традиционално најбрзо се чувствува влијанието на јужните воздушни маси.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни