Search

Афирмација на културното наследство – заштитен е Ангелот Гаврил од Курбиново

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на својот фејсбук профил информира дека „Ангелот од Курбиново“ е конзервиран. Таа додаде дека во тек е конзервацијата на ѕидното сликарство, едно од најретките од византиската уметност во светски рамки, во црквата „Св.Ѓорги“.

„Високопро фесионалната конзервација на фрескоживописот на црквата „Св.Ѓорги“, се одвива во соработка помеѓу Завод и Музеј-Битола и реномираниот Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици од Солун. Оваа соработка, прва на институционално ниво помеѓу колегите од двете земји, ни овозможи долгорочна заштита на еден од најзначајните споменици на културата од византискиот период“, напиша Костадиновска-Стојчевска.

Министерката истакна дека има резултати по интензивните вложувања во изминативе пет години, како и достигнувања кои се вредни за меѓународната стручна и домашна јавност.

„Со ваквиот приод на заштита продолжуваме со афирмација на македонското културно наследство во светот“, порача министерката за култура.

Најново

Последни колумни