АфД никогаш не бил посилен

AfD моментално е втора најсилна политичка сила во Германија. На федералните избори во 2025 година освои 20,8 проценти од гласовите.

Крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) никогаш не уживала поголема поддршка. Според анкета на агенцијата ИНСА, поддршката достигнала рекордни 28 проценти, што е за четири процентни поени повеќе од владејачките конзервативци.

Конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ) на канцеларот Фридрих Мерц има 24 проценти, додека Зелените се на 12 проценти. Социјалдемократска партија на Германија (СПД) има 14 проценти, а Левица останува на 11 проценти.

Раст надвор од источните региони

АфД моментално е втора најсилна политичка сила во Германија. На федералните избори во 2025 година освои 20,8 проценти од гласовите. Иако традиционално имаше силна поддршка на истокот, најновите регионални избори покажуваат дека расте и во други делови од земјата.

Германија е во т.н. „суперизборна година“, со пет регионални избори во 2026 година, вклучувајќи ги и оние во Баден-Виртемберг и Рајнланд-Пфалц.

Зошто АфД е контроверзен?

Партијата, предводена од Алис Вајдел, се смета за крајно десничарска поради силното противење на имиграцијата и критиките кон исламот. Дел од нејзините членови биле поврзувани со екстремистички ставови и релативизирање на нацистичкото минато.

И покрај растот, AФД не учествува во власта бидејќи другите партии одбиваат коалиција со неа. Овој неформален договор е познат како „Брандмауер“ (огнен ѕид) – принцип според кој екстремната десница се исклучува од владеењето по искуството од Втората светска војна.

Поранешната канцеларка Ангела Меркел и други лидери силно го поддржуваат овој пристап.

Дали ѕидот слабее?

Сепак, аналитичарите предупредуваат дека „Брандмауер“ веќе не е апсолутен. Во последните години се регистрирани над 100 случаи на соработка со AфД на локално ниво. Истражувачката организација Чатам Хаус предупредува дека тоа претставува значајна промена во германската политика.

Доколку AфД дојде на власт, тоа би имало последици и за Европска Унија – можен е поостар пристап кон миграцијата, послаб европски интегративен процес и поумерен став кон Русија. Иако не е сигурно дали ќе влезе во влада, AфД веќе значително влијае врз политичката агенда во Германија и пошироко во Европа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни