Адидас и домородни жени од Мексико го украсија националниот фудбалски дрес

За прв пат во историјата, ограничена серија дресови на мексиканскиот национален тим носи 100.000 везени детали рачно изработени од 150 жени од заедницата Наупан во државата Пуебла.


Адидас и мексиканскиот социјален бренд Someone Somewhere се здружија со 150 домородни занаетчии од државата Пуебла за да го украсат третиот дрес на фудбалскиот национален тим на Мексико со традиционален вез. За прв пат, ограничена серија фудбалски дресови ги носи имињата на жените кои ги изработиле, а две од нив патуваа до централата на Адидас во Германија за да присуствуваат на архивирањето на нивното дело.

Петнаесет месеци работа, 100.000 везени детали

Соработката меѓу Адидас и Someone Somewhere не започна со готов дизајн кој занаетчиите требало само да го изведат. Жените од заедницата Наупан во Пуебла биле вклучени од самиот почеток, од истражувачката фаза до финалниот дизајн. Во три везилачки работилници, 150 мајсторки работеле 15 месеци за да создадат 100.000 везени украси на колекцијата. Колекцијата генерираше над 165.000 часа инклузивна работа за домородни жени

Резултатот надминува еден дрес. Колекцијата вклучува маица, фустан, панталони, шорцеви и јакна.

„Колекцијата генерираше повеќе од 165.000 часа инклузивна работа за домородни жени кои докажаа дека кога ќе се создадат можности и работни модели прилагодени на нивните потреби, можат да постигнат и она што изгледа недостижно”, изјави Антонио Нуњо, основач на Someone Somewhere.
Секој дрес носи ime на жената која го везела

На етикетата на секој производ стои името на занаетчијката која го изработила и местото каде е направен, заедно со QR-код кој води до нејзиниот профил на веб-страницата на Someone Somewhere. Меѓу везените детали се трилистот на Адидас, логото на националниот тим на Мексико и цветни мотиви долж карактеристичните ленти на брендот на рамената.

Двете занаетчии Петра и Каталина патуваа до Германија

Делото е архивирано во централата на Адидас во Херцогенаурах, Германија, каде се чуваат историски предмети од типот на топки од претходни Светски првенства и најстарите чевли на брендот. За архивирањето патуваа лично двете занаетчии, Петра и Каталина, кои присуствуваа кога нивниот труд бил ставен во архивска торба за облека која ќе го зачува за децениите што доаѓаат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс