„Одговорно со технологијата“ , кампањата на А1 Македонија покажа како изгледа современа и моќна општествено одговорна кампања

Кампањата на А1 Македонија и МВР постави нов стандард за тоа како приватниот сектор може да ја смени јавната свест, а не само да ја информира.

Со кампањата „Одговорно со технологијата“, A1 Македонија покажа дека современите општествено одговорни кампањи не мора само да информираат, туку и вистински да допрат до луѓето.

Преку храбар концепт и силна емоционална порака, иницијативата отвори масовна јавна дискусија за одговорното користење на технологијата во сообраќајот.

Кампањата беше поздравена како пример за тоа како приватниот сектор и институциите можат заеднички да креираат пораки со реален општествен импакт и да влијаат врз јавната свест, особено кај младите генерации.

е-Трн да боцка во твојот инбокс